Розениор замина, Челзи почна да победува: „Сините“ ќе играат финале во ФА Купот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челзи се пласираа во финалето на ФА Куп, откако славеа минимална победа од 1-0 против Лидс Јунајтед. По неколкуте разочарувачки резултати во Премиер лига, „сините“ конечно им донесоа радост на своите навивачи и обезбедија место во борбата за трофејот во најстарото натпреварување.

  • Извештај од натпреварот:

Единствениот гол на средбата на „Вембли“ падна во првиот дел. Течеше 23. минута, по одличниот центаршут на Педро Нето, Енцо Фернандез одлично се снајде во шеснаесетникот и ја затресе мрежата за водство од 1-0. До крајот на натпреварот, Лидс имаше повеќе посед на топка и се обидуваше да израмни, но Челзи дисциплинирано се бранеше и успеа да ја сочува предноста.

Ова беше прва победа за Челси по серијата од три порази во првенството, кои резултираа со отказ за тренерот Лиам Розениор. Тимот на овој натпревар го предводеше привременото решение Калум Мекферлејн.

Челзи сега ќе има шанса да се бори за деветтиот трофеј во ФА Купот и прв по 2018 година. Во финалето, лондонскиот тим ќе се соочи со Манчестер Сити, кој претходно го елиминираше Саутемптон.