• Зоран Мишевски
Најтрофејниот норвешки клуб Розенборг втора година по ред го одбрани трофејот од Купот на Норвешка, а со тоа ја освои двојната круна оваа сезона.
Во вчерашното финале настрада второлигашот Конгсвингер со 4-0 во мечна стадионот „Улевал” во Осло.
Пол Андре Хеланд постигна три гола, а погоди и Торе Региниусен. Розенборг пред две недели ја освои шампионската титула по 24. пат и ќе игра во квалификациите од Лигата на шампионите следната сезона.