ВИДЕО: Рондон за 26 минути ѝ даде три гола на Јапонија за убедлива победа на Венецуела

Саломон Рондон одигра фантастична партија во дресот на својата селекција на Венецуела, и со три гола ѝ донесе убедлива победа на гости кај Јапонија (1-4), во последниот пријателски натпревар за двете репрезентации оваа година. 

  • Извештај од натпреварот: 

Поранешната премиерлигашка ѕвезда, а сегашен член на Шангај, беше нерешлива енигма за Јапонците и мечот го заврши со три постигнати гола, и тоа за само 26 минути. 

Тој во осната минута го отвори резултатот, а хет-трикот го комплетира во 34. минута, додека последниот гол за Венецуела го постигна Сотелдо, исто така во првиот дел. Почесниот погодок за Јапонија го даде Јамагучи во 70. минута. 

„Самураите“ зад себе оставија успешна година, барем кога се сметаат резултатите. 2019 ја завршија со 13 победи, четири порази и три реми средби, додека скорот на Венецуела оваа година е шест победи, три порази и четири реми исходи.