• Мартин Танасковски
Кристијано Роналдо не успеа да го зголеми голгетерски ерркорд на пат кон 1000-ката во професионална спортска кариера, но, сепак, успеа да се најде на насловните страници со уште еден потег.
Португалскиот ас беше стартер и одигра цел натпревар во ремито 0-0 на неговата Португалија против Шкотска во 4. коло од групата 1 од Лигата „А“ на турнирот во Лигата на нации на УЕФА.
На крајот од средбата, ѕвездата на Португалија беше подготвена да изведе корнер, но, сепак, ударот од аголот никогаш не се случи бидејќи главниот судија на натпреварот свирна карј на мечот.
Потегот и фактот што не му се дозволи да го изведе корнерот го налути Роналдо и тој почна да вреска и бесно да реагира кон арбитарот на мечот.