Роналдо запиша уште еден рекорд во Лигата на шампионите

Роналдо Касиљас

Почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите ќе донесе гостување на Манчестер Јунајтед кај Јанг Бојс и дуел меѓу Севиља и Салцбург.

Очекувано сите зборуваат за Кристијано Роналдо, кој ова лето се врати на „Олд Трафорд“. Дебитираше во Премиер лигата со два гола против Њукасл Јунајтед, а сега е подготвен да се појави на првиот меч за „црвените ѓаволи“ во елитното клупско натпреварување.

Со стапнувањето на теренот, португалскиот фудбалер ќе израмни апсолутен рекорд во сопственост на неговиот поранешен соиграч во Реал Мадрид, Икер Касиљас.

До денес, шпанскиот голман беше осамен на врвот на листата фудбалери со најмногу настапи во ЛШ. Сега ќе ја дели првата позиција со Роналдо, кој се очекува наскоро и да го надмине и да застане на првото место.