ВИДЕО: Роналдо за четири минути двапати погоди со Каљари

Фудбалерите на Јувентус по репрезентативната пауза се вратија на настапите во Серија А, па во дуелот со Каљари уште во првиот дел преку Кристијано Роналдо поведоа со 2-0. 

Шампионот на Италија долго се мачеше да дојде до предност против гостинот од Сардинија, ама пред полувремето, Португалецот со два гола во четири минути донесе голема предност. 

„Старата дама“ уште во првиот дел убедливо поведе против инфериорниот ривал преку еден од најдобрите светски фудбалери, па Роналдо и колегите стигнаа до два гола позитива.