ВИДЕО: Роналдо во свој стил - од слободен го постигна 100. погодок за Португалија

Кристијано Роналдо го запиша и стотиот погодок во репрезентативниот дрес, откако со голем стил го отвори резултатот на тешкото гостување во Шведска (0-1).

Домаќинот грчевито се бранеше уште од стартот, па не им дозволи премногу простор за убави шанси на Португалците. Сепак, кога во редовите имате мајстор како Кристијано Роналдо, едноставно секогаш сте опасни. Ѕвездата на Јувентус во судиското надополнување од слободен удар погоди преку живиот ѕид за позитива на паузата. 

  • Неверојатниот гол на Роналдо:

Роналдо го пропушти дуелот против Хрватска (4-1) поради повреда на прстот, ама беше решен што е можно побргу да ја пробие границата од сто погодоци, со што стана првиот европски фудбалер со таква бројка, а само втор во светот.