Роналдо: Во Рома нема ниеден фудбалер со кој би заменил дрес!

Италија чека на фудбалското дерби меѓу екипите на Рома и Јувентус во рамки на Серија А, а Кристијано Роналдо, најдобриот играч на „бјанконерите“, го најави дуелот кој се игра во 19. коло на калчото.

Португалскиот ас се потсети на мечот во 2007 година кога како член на Јунајтед доминираше и во Рим со „ѓаволите“ дојде до победа од 1-7. Роналдо откри дека некои од играчите му се заканувале поради неговото издание.

„Додека беше 6-0 за нас ме молеа да престанам да давам голови и да не дриблам по теренот. Имаше и играчи од Рома кои велеа дека ќе ме повредат. Затоа во Рома нема ниеден фудбалер со кого би заменил дрес“, изјави најдобриот играч на Јувентус.

Натпреварот меѓу Рома и Јувентус се игра в недела од 20:45 часот.