Роналдо влегува меѓу „бесмртните“, неверојатни бројки зад името на Португалецот!

Кристијано Роналдо е пред уште еден нов и голем рекорд во својата блескава кариера. Португалската ѕвезда го одигра вкупно својот 1200. меч во кариерата, а неговиот клуб Ал-Наср го одбележи овој важен јубилеј. 

Роналдо истрча на теренот на мечот против Ал-Ријад, а преполниот стадион го поздрави славниот фудбалер и еден од најдобрите играчи на сите времиња. Роналдо постигна гол и е на само три гола од вкупно 900 постигнати во кариерата. Тоа ќе се случи веројатно многу наскоро и така уште еднаш ќе ја потврди својата бесмртност во фудбалската историја. 

Чисто за потсетување, дебитантскиот настап на Роналдо се случи во веќе далечната 2002 година и оттогаш буквално секоја сезона беше меѓу тројцата најдобри играчи на планетата. Започна во Спортинг Лисабон, а сѐ понатаму е историја.

Освојувач е на пет трофеи во Лигата на шампионите, во витрините има пет „Златни топки“,  беше европски шампион со Португалија, а вкупно во кариерата стави свој „печат“ на 34 титули во сите можни категории.