• Сашо Поповски
Најскапиот фудбалер во историјата на италијанскиот фудбал Кристијано Роналдо вечерва ќе настапи против Фросиноне во последниот натпревар од 5 . коло на Серија А.
Во текот на неделата, тој го имаше своето официјално деби во дресот на Јувентус во Лигата на шампионите, кое помина не така добро за него. Заработи директен црвен картон на гостувањето кај Валенсија, по што би требало да добие дополнителна казна, која ќе биде потврдена на 27 септември.
Шпанска „Марка“ пишува дека блиски соработници на Португалецот зборуваат дека напаѓачот на „старата дама“ мисли дека УЕФА му се одмаздува за неговото отсуство од гала вечерта, на која Лука Модриќ ја доби наградата за најдобар фудбалер за изминатата сезона. Најдобриот голгетер во Лигата на шампионите за минатата сезона не сакаше да биде дел од изборот, бидејќи сметаше дека истиот е неправеден и дека наградата на крај ќе заврши во погрешни раце.
Истото мислење го има неговиот агент Жорге Мендеш, кој исто така тврди дека се работи за „казна“ од страна на УЕФА кон неговиот клиент.