Роналдо: Ти благодарам „мистер“, работевме само една сезона, но...

Масимилијано Алерги ја заврши својата успешна ера на клупата на Јувентус. Италијанскиот стратег и оваа сезона ја одбрани титулата во Серија А, но најверојатно новиот неуспех во Лигата на шампионите беше пресуден за неговата разделба со „старата дама“. 

Првата ѕвезда на торинскиот клуб Кристијано Роналдо преку порака на социјалните мрежи се прости од Алегри, велејќи дека не е само одличен тренер, туку и голем човек.  

„Ти благодарам. Работевме само една сезона, но тоа беше неверојатно искуство, затоа што покрај тоа што си одличен тренер, покажа дека си и голем човек. Ми беше задоволство да работам со тебе“, порача Роналдо.

Во борбата за испразнетото столче на Јуве во игра се неколку искусни стратези, но сè уште нема изразит фаворит.