ВИДЕО: Роналдо стигна до нов рекорд, „кралевите“ постигнаа шест гола во мрежата на АПОЕЛ

Реал Мадрид насловна

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Реал Мадрид заборави на поразот од Тотенхем и денес победнички си замина од гостувањето на Кипар кај АПОЕЛ (0-6). 

Шпанскиот тим ја оправда фаворитската улога и ја продолжи борбата за лидерското место во групата Х, кое ќе им донесе полесен противник во следната фаза. Голеадата во првиот дел ја отвори Лука Модриќ со прекрасен гол од 20-ина метри.

Домаќинот беше нокаутиран до крајот на првиот дел со три нови гола. Најпрво Бензема одлично ја искористи асистенцијата на Крос за двојна предност на „кралевите“. Само две минути подоцна, дефанзивецот Начо погоди за 0-3, по корнерот на Асенсио и одбиената топка од Варан.

Перфектните 45 минути ги заокружи Бензема со својот втор погодок на натпреварот. Овојпат на дело стапи контра нападот на европскиот шампион, кој заврши со несебична асистенција на Роналдо до францускиот напаѓач.

Вториот дел започна со два гола на Кристијано Роналдо, кој по подолго време се запиша во листата на стрелци. Најпрво погоди со глава по центаршутот на Марсело, а потоа ја искористи грешката на голманот Наузет за да зголеми на 0-6.

Шансите не престанаа да се редат пред домашниот гол, но истите не донесоа промена на резултатот до крајот на мечот.

Во вториот натревар од оваа група, Борусија Дортмунд загуби на „Сигнал Идуна парк“ од Тотенхем (1-2) иако имаше предност по првите 45 минути. Обамејанг донесе водство за „милионерите“ во првиот дел, а најдобриот стрелец на англиската екипа, Хари Кејн и Хеунг Мин Сон во второто полувреме донесоа големи три бод за потврда на првото место во групата.

Интересен меч се одигра во групата Г, каде Лајпциг целосно го отпиша Монако од борбата за европска пролет и победи на гости во Франција (1-4). Резултатот го отвори Жемерсон со автогол, а двојна предност за Германците веќе во деветтата минута донесе Тимо Вернер.

Истиот играч зголеми на 0-3 и го реши прашањето околу победникот. Монако доб утеха со голот на Фалкао, кој падна во сенка со четвртиот гол на Лајпциг преку Наби Кеита за конечни 1-4.