Роналдо станува вечен: Еден погодок го дели од историја

Роналдо рекорд

Кристијано Роналдо со два гола донесе пресврт победа за Јувентус на гостувањето кај Удинезе.

Рекордите се честа појава во овој дел од кариерата на еден од најдобрите голгетери во историјата. Само еден погодок го дели од достигнување кое никој пред него го нема остварено.

„Седумката“ на тимот од Торино наскоро се очекува да стане првиот фудбалер со најмалку 100 погодоци за три различни клуба, како и во репрезентативниот дрес на Португалија.

Оваа сезона Роналдо има 27 погодоци во италијанска Серија А.