Роналдо стана „вечен“: Единствен со гол на пет Мундијали во низа!

Кристијано Роналдо погоди од пенал против Гана и така влезе во историската книга на фудбалот и на Светските првенства.

Со погодокот од пенал во 65. минута, Роналдо е единствениот играч со гол на пет Мундијали во низа. Низата почна во 2006 година, на СП во Германија.

Во 2006 година Роналдо погоди против Иран, а во 2010 година тоа го направи против Северна Кореја. Во 2014 година негова „жртва“ беше Гана, додека во 2018 година ѝ даде хет-трик на Шпанија.

На овој Мундијал, во првиот натпревар погоди против Гана и така влезе во историјата.

Состави

Фернандо Сантос

4-1-4-1

    Ото Адо

    5-4-1