Роналдо со „хет-трикот“ доби ново признание од ФИФА

Кристијано Роналдо со хет-трик го предводеше Јувентус до висока победа над Каљари (4-0), во 18. коло од Серија А. Португалецот се разбуди во второто полувреме и го реши дуелот против незгодниот противник. 

Со запишувањето во листата на стрелци, Роналдо стигна до ново признание од ФИФА. Тој стана првиот играч што дал гол во топ пет лигите во изминатите 18 години. 

  • Објавата на еден од профилите на ФИФА: 

Напаѓачот оваа сезона постигна вкупно 15 голови во 22 настапи за шампионот на Италија, а пред нив е голема борба со Интер за Скудетото.