ВИДЕО: Кристијано со две велемајстории ги отпиша Швеѓаните, Белгија го „наполни“ Исланд

Кристијано Роналдо имаше неверојатна ноќ во Лигата на нациите и со два гола ѝ донесе значајна победа на Португалија на гостувањето во Стокхолм. Актуелниот европски шампион, по убедливата победа над Хрватска во претходното коло, вечерва на погонот на ѕвездата на Јувентус ја отпиша Шведска и извојува заслужен триумф од 0-2.

  • Шведска - Португалија 0-2: 

35-годишниот Роналдо уште еднаш докажа зошто е вистински фудбалски велемајстор. Во самиот финиш од првиот дел по брилијантен слободен удар го даде својот 100-ти гол за Португалија, додека победата над скандинавците ја запечати со уште една мајсторија, на 20 минути од крајот на натпреварот. 

Швеѓаните иако домаќини немаа никаква шанса против расположените момци на Сантос, особено не по 44. минута, кога исклучување заработи Свенсон. За скандинавската селекција овој пораз е втор во новата сезона на Лигата на нации, по оној од Франција во првото коло (0-1).

Вечерва, убедлива победа запиша и селекцијата на Белгија, која со 5-1 ја наполни мрежата на Исланд. Фридјонсон со чуден гол во 11. минута како да ги налути домашните фудбалери кои во продолжението од натпреварот покажаа моќ и со головите на Витсел, Батчуаји (2), Мертенс и Доку стигнаа до нови три бода на своето конто. 

  • Белгија - Исланд 5-1: