ВИДЕО: Роналдо славеше титула со „Сииии!“, па го удри синот со трофејот од Серија А в лице

Кристијано Роналдо додаде уште еден трофеј во својата богата колекција, прв од елитните во Серија А. Јувентус стана шампион во калчото, со португалецот во тимот како лидер, а титулата се прослави на дуелот против Аталанта пред 40.000 навивачи.

Португалскиот ас кој важи за еден од најдобрите во историјата на фудбалот славеше во свој стил. Кога излезе од тунелот, ја изведе препознатливата прослава со извикот „Сииии!“, а цепиот стадион го скандираше истото во негова чест.

  • Моментот кога Роналдо излегува од тунелот:

Роналдо имаше и уште една интересна ситуација, затоа што за време на прославата, ненамерно го удри својот син со трофејот од Серија А. Додека мајка му на Роналдо, Долорес, Роналдо, Георгина и Роналдо „јуниор“ се местеа за семејната фотографија, Португалецот го потчукна малото момче.

  • Моментот кога Роналдо го удри Роналдо „јуниор“ со трофејот:

Роналдо оваа сезона ја заврши со 21 постигнат гол во Серија А и е прогласен за МВП. Тој е единствениот фудбалер кој бил прогласуван за најдобар во сезоната во три од петте најквалитетни светски фудбалски лиги - Англија, Шпанија и Италија.