• Горан Упале
Кристијано Роналдо, за многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, покажа дека и на 39 години сè уште е фудбалски мајстор, особено кога во прашање се головите од слободен удар.
Португалскиот ас на натпреварот меѓу неговиот Ал-Наср и Абха уште еднаш ја покажа својата „магија“ и постигна два прекрасни гола од слободен удар.
- Двата гола на Роналдо против Абха:
Во својата блескава кариера, Роналдо досега постигна 63 гола од слободен удар, вклучувајќи ги двата против Абха.