ВИДЕО: Роналдо се налути – Сари го замени, тој избега во соблекувална!

Кристијано Роналдо не сака да го вадат од игра додека меч не е решен. Барем така говори неговата реакција, по измената на дербито против Милан во рамки на Серија А.

Реакцијата на Кристијано Роналдо за време на замената:

Сари реши да ја повлече првата ѕвезда од игра во 55. минута од натпреварот и на негово место да влезе Пауло Дибала. Очигледно, на Португалецот тоа не му се допадна, па веднаш замина во соблекувална.

Камерите не покажаа дали тој се поздрави со Маурисио Сари при измената, или директно замина од теренот, а интересно, пред да излезе, дофрли нешто кон клупата на португалски.

Роналдо реагираше бурно и кога беше заменет во Москва, на дуелот против Локомотив во ЛШ, а исто така тогаш Сари на негово место го внесе Пауло Дибала.