Роналдо: Се колнам дека ќе дадам сè од себе за трофеј во ЛШ со Јуве

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, изминатото лето се реши да ги напушти редовите на Реал Мадрид и да премине во италијанскиот шампион, Јувентус, кој иако доминира на домашно тло, долго време копнее за еден европски трофеј. 

Според многумина, една од главните причини на Јуве за доведувањето на португалскиот ас е токму престижниот европски трофеј, кој му беше на дофат во 2015 и 2017, но тогаш ги загуби финалињата од Барса и Реал Мадрид. 

„Се колнам, ќе дадам сè од себе да ја освојам Лигата на шампионите со Јувентус. Ако треба и невозможното ќе го направиме возможно за да ги израдуваме фановите со овој трофеј“, рече Роналдо. 

Јувентус одигра солидна групна фаза, додека во осминафиналето го очекува сериозен предизвик, бидејќи ќе се судри со незгодниот Атлетико Мадрид.