„Роналдо рече дека е дома заради мајка му, а гледаме само фотки од неговиот базен“

Роналдо Јуве

Пандемијата од коронавирусот го натера Кристијано Роналдо да се врати во родната Португалија. Причина плус за неговата одлука да ја напушти Италија беше болната мајка, која имаше проблеми и заврши во болница.

>> Роналдо купил цел остров за самоизолација со своето семејство

Сепак, поранешен спортски директор на Јувентус смета дека неговото одделување од соиграчите е неоправдано. Џовани Гоболи Џиљи јавно го нападна португалскиот ас и излезе со шокантна изјава.

„Заминувањето на Роналдо од Јувентус донесе негодувања во тимот. Сите сакаа да си заминат од Италија. Тој рече дека заминува за да ја види болната мајка, а на крај гледаме само фотографии од неговиот базен и луксузната вила во која престојува. Јас мислам дека и тој требаше да биде во карантин заедно со своите соиграчи“, смета Џиљи.

Голем број ѕвезди на „старата дама“ заминаа дома во периодот на оваа криза. Гонзало Игуаин, Сами Кедира, Даглас Коста, Миралем Пјаниќ и Родриго Бентакур ги следеа стапките на Роналдо и ги напуштија Апенините.