Роналдо пронајде утеха - избран за најдобар фудбалер во Серија А минатата сезона

Италијанските професионалци и тренери на сите клубови од Серија А вечерва во Милано на церемонијата наречена „Gala del calcio“ ги прогласија најдобрите за минатата сезона во шампионатот на Италија. Ако не му успеа да ги победи Меси и Ван Дајк во изборот за „Златна топка“, Кристијано Роналдо ја доби наградата за најдобар во Серија А во својата прва сезона на „чизмата“.

Роналдо доби најмногу гласови и во изборот најдобар напаѓач, победувајќи ги Кваљарела и Запата. Најдобар фудбалер за врска е Миралем Пјаниќ, кој на пиедесталот застана пред Иличиќ и Барела. Најдобри дефанзивци се Кансело, Кјелини, Кулибали и Коларов, а најдобар голман Самир Хандановиќ.

Екипата на годината е Аталанта, а Гаспарини е избран за тренер на годината. Судијата на годината на Џанлука Роки, а најдобра фудбалерка за минатата сезона е Мануела Џулијано од Рома.