Роналдо промашуваше, но Португалија ја „положи генералката“ со Нигерија

Португалската репрезентација ја доби „генералната проба“ пред Светското првенство, победувајќи ја Нигерија во Леирија со 2-1 (1-1). Дуелот започна со одлична шанса од Кристијано Роналдо, кој имаше ситуација „еден на еден“ со нигерискиот голман, но шутираше покрај голот.

Португалците поведоа во 23. минута од натпреварот, кога Диого Далот врати до Нето, кој шутираше резантно и ја погоди мрежата. Во 37. минута, Нигерија го израмни резултатот, откако голманот Окоје некоректно расчисти, топката дојде до Адамс, кој рутински постигна гол покрај Диого Коста за 1-1.

Кристијано Роналдо имаше уште еден зицер во 49. минута но лошо ја зафати топката. Претходно и Жоао Феликс ја погоди пречката од нигерискиот гол. На крајот, Франциско Консеисао со удар со левата нога постигна гол за 2-1. Селекцијата на Роберто Мартинез со многу добри, но и понекоја лоша вибрација, ќе замине за американскиот континент пред дебито на Мундијалот следната недела против Конго.