ВИДЕО: Роналдо преку ВАР-пенал го „расплака“ Милан во Куп-спектаклот на „Сан Сиро“

Ниту вториот милански гигант не успеа да го искористи домашниот терен во полуфиналето на Купот на Италија. Синоќа, Интер загуби од Наполи со 0-1, додека вечерва во големото дерби на италијанскиот фудбал, Милан одигра само 1-1 против Јуве, откако Роналдо во самиот финиш не дозволи својот тим со пораз да се врати во Торино. 

  • Извештај од натпреварот: 

Големото дерби, кое се играше пред полни трибини на „Сан Сиро“ и рекорд од преку 70.000 гледачи на еден Куп-натпревар, започна со мирна и тактична игра на двете страни. Ниту Јуве, ниту пак Милан не се осмелија од самиот старт да влезат во офанзива и да го отворат резултатот, па затоа на првата посериозна шанса за отворање на резултатот се чекаше до 20. минута, кога Калабрија го стави на маки Буфон, но искусниот голман на „старата дама“ беше на висната на задачата и ја запиша втората вечерашна одбрана.

Неколку минути подоцна Буфон повторно беше во главна улога, овој пат при ударот на Ребиќ, кој биеше прецизно по земја, но недоволно да го изненади 42-годишниот чувар на мрежата. Што се однесува до играта на Јуве, единствена закана кон домаќините испрати Квадрадо, но Донарума успешно интервенираше.  

Вториот дел стартуваше со супер-шанса за Рабиќ, но Буфон по третпат беше поуспешен од хрватскиот репрезентативец, па така пропадна уште една можност за големо славје на „Сан Сиро“. Во 60. минута Дибала пропушти голема можност да го отвори резултатот, додека веќе во следниот напад Буфон повторно беше поуспешен од Ибрахимовиќ. 

Но, по само 60 секунди, поранешниот италијански репрезентативец капитулираше и Ребиќ со прецизен удар од само неколку метри донесе големо славје во Милано и водство на својата екипа од 1-0. И покрај водството, Милан не отстапи од офанзивниот фудбал и продолжи да игра на половината на Јуве. Но, во 72. минута Тео Хернандез заради нов груб старт заработи втор жолт картон и го остави својот тим на цедило да се бори со десет играчи во поле. 

Бројчаната предност, Јувентус веднаш ја искористи, откако Роналдо биеше прецизно од 11 метри и ги постави конечните 1-1. Во 89. минута, потугалскиот ас со ножички сакаше да го изненади Донарума, но неговиот атрактивен обид заврши во раката на Калабрија, па по ВАР прегледите главниот судија се реши да досуди казнен удар за гостите од Торино.