Роналдо повторно стрелец, Ал-Наср обезбеди четвртфинале во азиската ЛШ

Фудбалерите на Ал-Наср Ријад се пласираа меѓу осумте најдобри во азиската Лига на шампиони, откако во осминафиналниот натпревар го совладаа поранешниот клуб на нашиот Александар Трајковски, Ал-Фејха со сигурни 2-0 (1-0). 

Домашниот состав имаше многу повеќе од играта и сосема заслужено дојде до триумфот, а повторно во листата на стрелците се запиша Кристијано Роналдо, кој го постигна 27. гол сезонава. Португалската суперѕвезда стави точка на победата со голот во 86. минута, а во првото полувреме гостинската мрежа ја затресе неговиот сонародник Отавио. 

За Ал-Наср ова беше трета победа во низа, а во четвртфиналето ќе се соочи со тимот на Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати. Првиот натпревар е закажан за трети март, додека реваншот ќе се одигра осум дена подоцна. 

Извештајот од натпреварот погледнете го на ОВОЈ линк.