Роналдо: Поважно ми е вторпат да ја освоиме Европа од било кој рекорд!

Кристијано Роналдо даде интересна изјава во пресрет на првиот натпревар на неговата Португалија на Европското првенство. Прва задача за нив ќе биде Унгарија, во „групата на смртта“. На прашањето дали Роналдо е засегнат и се оптеретува со фактот дека може да стане играч со најмногу голови на европските првенства, тој даде дипломатски одговор.

„За мене поважно е вторпат да го освоиме Европското првенство, отколку рекордот за голови. Овој тим работи многу добро, спремни сме и сакаме да тргнеме на вистински начин, со победа на првиот меч. Важно е да се тргне со триумф, тоа носи самодоверба и морал. Тука сме да одиграме добро првенство. Пет години по трофејот, тимот е поинаков, помлад и со голем потенцијал“, изјави Роналдо. 

Португалија и Унгарија ќе се пресметаат утре во терминот од 18:00 часот, а токму тој дуел го гледаат како прва и најголема шанса за сигурни бодови, иако и Унгарците ќе бидат незгоден ривал.