• Мартин Танасковски

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо уште еднаш ја покажа својата класа пред очите на Европа, со погодок против Ференцварош (1-1) во Лигата на шампионите.
Јувентус беше во негатива, се вртеше околу голот на унгарскиот првак, па Роналдо реши да ја земе работата во свои раце. Покажа зошто е најдобар, па со еден шут од далечина ја стресе мрежата на противникот.
- Голот на Роналдо против Ференцварош:
За Роналдо ова беше прв гол во новата сезона во ЛШ, откако ги пропушти првите две кола поради ковид-19, а не погоди против Ференцварош на гости.