ВИДЕО: Роналдо погоди за 0-2 и испрати специјален поздрав до Дибала

Роналдо прослава

Кристијано Роналдо постигна нов погодок во дресот на Јувентус и учествуваше во убедливата победа на гости кај Сасуоло.

Со овој гол Португалецот се зацврсти на челната позиција меѓу стрелците во Серија А. Интересна беше и неговата прослава која имаше специјална посвета за Пауло Дибала.

Препознатливит скок во воздух Роналдо го зачини со ставање на раката на своето лице, што е препознатлив знак на Аргентинецот, кој заради нарушување на клупскиот кодекс, натпреварот го почна од клупата.

Сега ѕвездата на Јуве има 18 погодоци во домашното првенство, два повеќе од Фабио Кваљареал од Сампдорија и Дуван Запата од Аталанта.