„Роналдо, Погба, Бруно, Санчо и Гринвуд не може да играат заедно – тешко на одбраната“

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, смета дека тимот на Оле Гунар Солскјер има премногу „уметници“ и премалку работници на терен.

Многумина одамна гласно коментираат дека норвешкиот стратег не е дораснат да води така голем тим како Манчестер Јунајтед, а по поразот од 4-2 од Лестер Сити, Оле е пред уште поголем притисок.

„Погледнете го нападот против Лестер - Кристијано Роналдо, Погба, Бруно Фернандез, Санчо и Гринвуд! Искрено, не би сакал да играм во одбрана кога сите се на терен. Да бидеме јасни, ги ценам сите како фудбалери, но кој од нив ќе „носи вода“.

Што мислите, зошто Флечер, Ники Бат, Парк, Харгривс... долги години играа за Фергусон? Па, не секој може да игра само во напад. Во тимот мора да има „работни коњи“, изјави Гери Невил за англиските медиуми.

По осмото коло, Јунајтед го зазема петтото место на табелата со четири победи , две нерешени средби и два порази. Во следното коло го чека најголемото англиско дерби - дуел против Ливерпул, на 24 октомври на „Олд Трафорд“.

Состави

Brendan Rodgers

3-4-1-2

    Мајкл Керик

    4-2-3-1