• Горан Упале
Кристијано Роналдо, еден од најпопуларните фудбалери на денешницата, ја напушти Саудиска Арабија. Славниот Португалец со својот приватен авион вреден близу 70 милиони евра од Ријад тргна кон Шпанија заедно со своето семејство.
По седумчасовен лет, тие слетаа во Мадрид, а неговиот лет беше еден од најследените на радарот за летови. Роналдо се одлучил на ваков чекор откако бомбите почнаа да паѓаат околу американската амбасада во Ријад.
Останува да се види кога Португалецот ќе се врати во Саудиска Арабија, каде што повеќе од две години ги брани боите на Ал Наср.

