Роналдо побарал Манчестер Јунајтед да го пушти да си замине!

Роналдо

Изненадувачки вести доаѓаат од „Олд Трафорд“, кои велат дека Кристијано Роналдо сака да си замине од Манчестер Јунајтед!

Португалецот наводно побарал од клубот да го ослободи, ако добие прифатлива понуда ова лето. 37-годишникот не верува дека ќе игра значајна улога со новиот тренер Ерик тен Хаг, а самиот тврди дека има уште три или четири години на највисоко ниво.

37-годишникот направи кам-бек и лани беше најдобар стрелец меѓу „црвените ѓаволи“. Резултатите на екипата беа разочарувачки за фановите, кои побараа итни промени, а тие започнаа со доведување на нов тренер на местото на Ралф Рангник.

Роналдо настапи во 19 последователни сезони во Лигата на шампионите, по заминувањето од Спортинг. Очигледно дека тоа е важно натпреварување за него, па со оглед на тоа што Јунајтед нема да биде дел од него наредната сезона, тој одлучи да прави промена во оваа фаза од кариерата.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.