Роналдо пет дена пред меч му ветил на Евра: „Брат, дома ќе го здробиме Атлетико!“

Кристијано Роналдо беше човекот кој со хет-трик го реши Атлетико Мадрид и го однесе Јувентус во наредната фаза од ЛШ. Патрис Евра, некогашниот колега на Португалецот, објави преписка со ѕвездата на „бјанконерите“, пет дена пред натпреварот.

На „Ватс-ап“ двајцата фудбалери имале конверзација, во која Евра го замоли Роналдо да победи со Јувентус, затоа што Французинот бил ќе биде на мета кај пријатели, поради евентуален неуспех на Португалецот.

„Брат, сметам на тебе и на кам-бек во Лигата на шампионите. Никогаш не сум се сомневал во тебе. Луѓето ме „убиваат“ секој пат кога ти или Јувентус ќе загубите“, му напиша Евра на Роналдо.

Португалецот му врати:

„Знам. Ќе поминеме, брат. Дома ќе ги здробиме (Атлетико н.з)“

Реакцијата на Евра по голот на Роналдо за 3-0 против Атлетико Мадрид: 

Трите гола на Роналдо против Атлетико Мадрид: 

По оваа порака, Евра го поздрави еден од најдобрите фудбалери во светот, а доби „селфи“ за возврат директно од авионот на Јувентус.