ВИДЕО: Роналдо пак се „заборави во воздух“ и даде нов супер-гол со глава!

Кристијано Роналдо игра нова фантастична партија во дресот на Јувентус и со два гола за само неколку минути му донесе на својот тим сигурна предност на вечерашниот натпревар со Кротоне.

Португалскиот ас во 38. минута со прецизен удар со глава го отвори резултатот, а шест минути подоцна повторно ги покажа своите надчовечки способности, откако со небески скок се „заборави во воздух“ и со нов удар со глава донесе убедлива предност за шампионот.

  • Атрактивниот гол на Роналдо против Кротоне:

Веднаш по вториот погодок, Роналдо имаше колосална шанса за хет-трик, но овој пат со нога промаши од неколку метри.