ВИДЕО: Роналдо пак погоди, Де Хеа одбрани пенал во 95. минута и го „расплака“ Вест Хем

Манчестер Јунајтед експресно им се врати на победите во Премиер лигата, откако, по неочекуваниот пораз од Јанг Бојс во Лигата на шампионите, попладнево во луд натпревар во Лондон со 1-2 (1-1) го совлада домашниот тим на Вест Хем.

  • Вест Хем - Манчестер Јунајтед 1-2:

Кристијано Роналдо одново се најде во првиот состав на „ѓаволите“ и на својот трет натпревар од враќањето во англискиот гигант, се запиша во листата на стрелците. Во 35. минута португалскиот ас се најде на вистинско место и го совлада Лукаш Фабијански и го израмни резултатот на 1-1. Пет минути претходно, Бенрама со помош на Варан го изненади Де Хеа и донесе голема радост на домашните фанови. Сепак, таа радост траеше многу кратко.

Во вториот дел, Солскјер направи две офанзивни замени и во игра ги внесе Лингард и Санчо, а токму поранешниот офанзвиец на „чеканите“ (лани мина на шестмесечна позајмица) со супер-гол во 89. минута го комплетира пресвртот на својот тим. Но, тоа не беше сè од возбудливото дерби на „Лондон Стадиум“, затоа што во 94. минута Вест Хем доби пенал, а изведувач на истиот беше искусниот Нобл, кој во игра влезе специјално за да го шутира ударот од единаесет метри. Но, неговиот обид беше прочитан од страна на Де Хеа и Јунајтед ја забележа четвртата победа во новата сезона, со која се израмни со Ливерпул на чело на табелата.

Паралелно со дуелот во Лондон, Брајтон приреди изненадување, победувајќи го големиот фаворит Лестер Сити

  • Брајтон - Лестер Сити 2-1:

Мапе и Дани Велбек беа стрелци на головите за „галебите“, додека почесниот погодок за Лестер го постигна Варди во 61. минута.

Состави

David Moyes

4-4-2

    Оле Гунар Солскјер

    4-4-2