• Горан Упале
Кристијано Роналдо пак остана со празни раце и пропушти нова шанса да го освои првиот трофеј откако се пресели во Саудиска Арабија.
Неговиот Ал-Наср пред неколку дена на чудесен начин прими гол во судиското надополнување и не успеа предвреме да го обезбеди шампионскиот трофеј во домашниот шампионат, а вечерва саудискиот клуб забележа нов неуспех.
Во финалето од азиската Лига на шампионите 2, Ал-Наср среде Ријад беше совладан од Гамба Осака од Јапонија со минимални 0-1. Роналдо и дружината имаа целосна доминација во текот на сите деведесет минути, создадоа неколку сериозни шанси за погодок, но потфрлија во реализацијата. На спротивната страна, пак, Осака ја искористи можеби единствената и преку Хумет стигна до посакуваната победа и трофејот од ова натпреварување.
Gol de Gamba Osaka.
Al Nassr 0-1 Gamba Osaka
Que CHSM TODOS. pic.twitter.com/NDEUSnsbIb
— MT2 (@madrid_total2) May 16, 2026
Ал-Наср и португалската ѕвезда раните можат да ги излечат за пет дена кога против Дамаск им е потребен бод за да ја прослават шампионската титула во саудискиот шампионат.


