ФОТО: Роналдо „нокаутира“ девојка за време на загревањето во Берн

Кристијано Роналдо е во центарот на вниманието на мечот меѓу Јанг Бојс и Манчестер Јунајтед.

За време на загревањето, првата ѕвезда на гостите „нокаутира“ девојка задолжена за безбедноста на теренот. По несаканиот момент, гостинскиот играч веднаш истрча за да провери дека нема сериозни последици од неговиот силен удар.

Девојката на момент беше во несознание, но потоа стана и продолжи да си ја извршува својата работа.

Роналдо одново доби шанса од првата минута, по дебито за „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата за време на викендот, и погоди за водство на гостите од Манчестер.