• Сашо Поповски

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо нема да се појави на „Енфилд“, каде Манчестер Јунајтед вечерва ќе се пресмета со Ливерпул.
37-годишникот доживеа шок кога дозна дека почина неговиот новороден син. Георгина на свет донесе здраво девојче, а синот на Португалецот не преживеа, што донесе голема тага во семејството.
Тоа е причината поради која „седумката“ на Јунајтед нема да игра на најголемото англиско дерби. Клубот ја потврди оваа одлука и порача дека семејството е најважно за Роналдо во овој момент.
Ливерпул ќе биде домаќин во одложениот натпревар од 30. коло и ќе нема право на грешка, ако сака да остане во игра за титулата во Премиер лигата.