Роналдо не знае за доста: Синоќа сруши уште еден рекорд!

Роналдо

Кристијано Роналдо, кој двапати се закити со наградата најдобар фудбалер на планетата и е главен фаворит за повторно да ја освои „Златната топка“ синоќа на дуелот Португалија – Андора, повторно блесна на теренот. 

Тој успеа да постигне четири гола во победата од 6-0, но направи нешто што ниту еден фудбалер досега го нема направено. Всушност, тој успеа да постигне два гола во првите 190 секунди, што никогаш не се случило во квалификациите за едно СП. 

Покрај тоа вреди да се напомене дека Португалецот синоќа го постигна својот 42. хет-трик во кариерата, со што потврдува дека неговата повреда е веќе минато и дека најдоброто од него штотуку следува.