Роналдо: Не прашувајте повеќе за Кристијано, прашувајте за Мундијалот

Роналдо

Интервјуто на Кристијано Роналдо со Пирс Морган крена голема прашина. Фокусот на новинарите и медиумите е постојано кон лидерот на Португалија, која се подготвува за првиот меч на Мундијалот во Катар.

Предводникот на Португалците им испрати порака на сите оние кои прашуваат за него и неговата иднина, а не за настапот на Светското првенство.

„Никој не може да ми каже кога ќе зборувам. Не се грижам што мислат другите. Никој не може да му наштети на тимот. Не прашувајте повеќе за Кристијано, прашувајте за Светското првенство. Таа тема е затворена. Атмосферата во репрезентацијата е феноменална. Постојано прашување за Кристијано е досадно. Не ги прашувајте моите соиграчи за тоа“, изјави капитенот на португалската селекција.

Гана е првиот противник на Португалија на тековното Светско првенство 2022.