Роналдо не ја пушта мајка му на стадион: Слушај, мамо, немам татко, па...

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот и нов член на Манчестер Јунајтед, во интервју за „Дејли Мејл“ откри интересен детал и кажа дека не ја пушта мајка му да доаѓа на стадион на натпреварите.

Многумина очекуваа Долорес да биде на трибините на „Олд Трафорд“ на кам-бекот на Роналдо, меѓутоа Португалецот кажа дека такво нешто нема да се случи. На трибините се очекуваат 75.000 гледачи...

„Веќе не ѝ давам на мајка ми да доаѓа на стадион, посебно на важните натпревари, затоа што многу се нервира. Не знам зошто тоа се случува, но таа двапати се онесвести на стадионите за време на моите мечеви. Кога гледа некој мој меч дома, секогаш мора да има друштво со неа. Јас инститирам на тоа. Сега ѝ го кажав следново: „Слушај мамо... немам татко повеќе и не сакам да те загубам и тебе. Затоа, ти нема повеќе да гледаш четвртфиналиња, полуфиналиња или финалиња. Мојата мајка е срце на семејтвото и се што имам јас е благодарение на неа“, изјави Роналдо.

Мајката на португалскиот ас има и здравствени проблеми. Во 2007 и во 2019 година ѝ беше дијагностициран рак, но таа успешно се справуваше со болеста.