ВИДЕО: Роналдо не ги поздрави фановите и доби свирежи пред „Олд Трафорд“!

Како „бомба“ одекна информацијата дека во финишот од трансфер-периодот, Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед, каде боите на „црвените ѓаволи“ ќе ги брани во следните две сезони.

Португалскиот ас откако донесе одлука да го напушти Јувентус, неговиот избор падна одново да ја носи легендарната „седумка“ на Јунајтед, а неговото второ деби се очекува да го има денес, на дуелот против Њукасл.

Атмосферата пред „Олд Трафорд“ се загрева уште од раните утрински часови, фановите со нетрпение го очекуваа пристигнувањето на еден од најдобрите во историјата, а кога пристигна тој - не ги отпоздрави, по што следуваше незадоволство и свирежи од насобраните навивачи.

Дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл започнува од 16:00 часот, а наскоро ќе дознаеме дали Роналдо ќе биде во стартните единаесетмина на Оле Гунер Солскјер.

<<< ПОВРЗАНО - ФОТО: Гужви пред „Олд Трафорд“ - фановите го чекаат враќањето на Роналдо!