ВИДЕО: Роналдо не е веќе оној стариот, вакви зицери за него никогаш не биле проблем

Роналдо промашување

Кристијано Роналдо можеше да постигне повеќе погодоци на гостувањето кај Луксембург, да беше поефективен во својата завршница.

Зицерите кои ги промаши го спречија да се израдува барем уште еднаш на овој натпревар на кој Португалија стигна до трите бода со пресврт. Капитенот погоди за 1-2, а потоа имаше шанса да го дотолчи ривалот, но покажа слаба реализација во дуелот со домашниот голман.

Португалците заборавија на дуелот кај Србија, кој донесе драматичен финиш, и ја завршија репрезентативната недела со две победи и едно реми.