Роналдо најдобар фудбалер во Серија А, ветеранот Кваљарела на врвот меѓу напаѓачите

Португалецот Кристијано Роналдо беше избран за најдобар фудбалер во италијанската Серија А за сезоната 2018/19.

Во првата година на „чизмата“, 34-годишникот со Јувентус ја освои шампионската титула и постигна 22 гола, проследени со 11 асистенции.

Италијанскиот фудбалски сојуз ги објави и останатите победници:

  • најдобар млад играч - Николо Заниоло (Рома)
  • најдобар голман - Самир Хандановиќ (Интер)
  • најдобар дефанзивец - Калиду Кулибали (Наполи)
  • најдобар играч за врска - Сергеј Малинковиќ-Савиќ (Лацио)
  • најдобар напаѓач - Фабио Кваљареала (Сампдорија)

„Старата дама“ осма година по ред нема конкуренција во домашното првенство. Останува да видиме дали работите ќе се променат наредната сезона.