Роналдо МВП, Мане го даде нај-голот на неделата во ЛШ

Првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, заслужено е избран за играч на неделата во Лигата на шампионите. 

Португалскиот ас „сам“, со три постигнати гола, го елиминира Атлетико Мадрид и на својот Јувентус му донесе голем пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Во конкуренција за најкорисен играч беа уште Меси, Мане, Сане, но признанието заврши во рацете на 34-годишниот напаѓач на италијанскиот шампион. 

  • Историскиот хет-трик на Роналдо против Атлетико Мадрид: 

Во конкуренцијата пак за најатрактивен гол, победи фантастичниот Садио Мане, кој на мајсторски начин го скрши Нојер и ја најави убедливата победа на Ливерпул среде Минхен. 

Денес, во Нион беше одржана жрепката за четвртфиналната фаза, а провите погледнете ги на ОВОЈ линк.