ВИДЕО: Роналдо може сè со топката – постигна „тројка“ со нога, па прослави во свој стил

Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер на Јувентус, пред една седмица им се врати на тренинзите на клубот и продолжувањето на сезоната ќе го пречека во топ-форма.

Португалскиот ас во својата богата кариера постигна преку 700 голови од секакви позиции, а дека со топката може да направи сè, покажа на вчерашниот тренинг. Пред себе имаше нов предизвик, кој веднаш го совлада, откако постигна ефектен кош со нога, а не би бил Роналдо доколку истиот не го прослави како да постигнал погодок во некое дерби.

  • Кошот на Роналдо со нога:

Еден од најпопуларните фудбалери на денешницата беше единствен член на Јувентус кој двомесечниот карантин не го мина во Торино, туку во родната Португалија.