Роналдо може да стане вечен и да собори рекорд на кувајтски репрезентативец

Кристијано Роналдо в четврток најверојатно ќе постави рекорд по бројот на одиграни натпревари на еден играч за националниот тим.

Новиот селектор на Португалија, Роберто Мартинез го повика во репрезентацијата, а доколку в четврток игра против Лихтенштајн, ќе стане играчот со најмногу натпревари за национален тим во историјата.

Роналдо моментално го дели рекордот со кувајтскиот репрезентативец Бадр Ал Мутава. Тој и Кристијано имаат одиграно ист број натпревари за своите репрезентации, по 196 настапи.

Роналдо за Португалија дебитираше во 2003 година, кога на само 18-годишна возраст во игра влезе како замена за Луис Фиго на пријателскиот натпревар против Казахстан. Три дена по натпреварот со Лихтенштајн, Португалија ќе одигра уште еден натпревар во квалификациите за Европското првенство. Негов ривал е Луксембург.