Роналдо: Манчестер не покажа ништо за да победи, требаше да загуби со три или четири гола!

Кристијано Роналдо, синоќа го постигна својот гол-првенец за Јуве во Лигата на шампионите, откако со мала мајсторија ја стресe мрежата на својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед. 

Португалецот погоди за водство на Јуве од 1-0 и го прослави голот против „ѓаволите“, но сепак, неговиот тим на крај запиша пораз од 1-2. По мечот Роналдо истакна дека е среќан за голот, но и разочаран што Јуве загуби во за него добиен натпревар.  

„Среќен сум за постигнатиот гол, но воедно и разочаран, бидејќи овој меч требаше лесно да го добиеме. Мислам дека нашата победа требаше да биде изразена со три или четири гола. Противникот не играше офанзивно, имаше само две шанси од прекини, но така играат англиските тимови. Манчестер не направи ништо за да победи, но не можеме да зборуваме за среќа. Во фудбалот самите треба да ја заработите среќата, а вечерва нашата среќа му ја подаривме на Манчестер“, рече Роналдо.

Големата победа на Јунајтед ја обезбедија Хуан Мата и Алекс Сандро (автогол) во 86. и 89. минута од мечот. По четирите кола од групата, Јувентус е прв со девет бода, додека Јунајтед со два помалку е на втората позиција.