Роналдо лут што беше заменет, Рангник му порача: Мора да има на ум една работа...

Ралф Рангник, менаџерот на Манчестер Јунајтед, објасни зошто го замени Кристијано Роналдо во натпреварот од 17. коло на Премиер лигата против Брентфорд, велејќи дека во тој момент бепе неопходно да се засили одбраната за да се зачува предноста.

„Ѓаволите“ водеа со 2-0 против Брентфорд во 71. минута кога Рангник реши да го замени Роналдо со Хари Мегвајер.

„Мислам дека тоа е нормална одлука. Водевме со 2-0, што беше случај и на последниот натпревар против Астон Вила (2-2, на крај). Чувствував дека најдобро е да ја сочуваме предноста со тројца стопери во последниот ред.

Роналдо е напаѓач кој сака да постигнува голови, но мора да има на ум дека имаме нов натпревар за три дена. Jaс не сум тука за да исполнувам желби на еден фудбалер, туку да направам сè што е во моја моќ за тимот да победува“, рече Рангник.

Не се чести ситуациите на кои Португалецот го напушта теренот пред да заврши натпреварот, а од гестикулациите можеше да се забележи дека тоа не му се допаѓа. Натпреварот заврши со победа на Јунајтед од 3-1, кој во следното коло ќе го пречека Вест Хем на 22 јануари.

Состави

Thomas Frank

3-5-2

    Ралф Рангник

    4-2-3-1