Роналдо купи клуб кој е „помлад“ од него и против кого има постигнато шест гола!

Славниот португалски ас Кристијано Роналдо на почетокот на февруари наполни 41 година, но и понатаму тресе мрежи во дресот на Ал Наср. Сепак, легендарниот голгетер сè повеќе внимание посветува и на работите надвор од теренот.

Роналдо, односно неговата компанија „CR7 Sports Investments“, откупи 25 проценти од акциите на шпанска Алмерија, а информацијата за оваа аквизиција беше официјално потврдена денеска.

Интересно е што сопственик на шпанскиот второлигаш е саудискиот спортски моќник Турки Алалших, додека формален сопственик на клубот од Андалузија е „SMC Group“. Во исто време, во јавноста се шпекулира за наводно незадоволство на Роналдо од раководењето со саудиските клубови.

„Имав долгогодишна амбиција да придонесам во фудбалот и надвор од терените. Алмерија е шпански клуб со цврсти темели и јасен потенцијал за раст. Се радувам на соработката со раководниот тим во следната фаза од развојот на клубот“, изјави Роналдо во клупското соопштение.

Постојат уште неколку интересни детали поврзани со овој потег. Претседател на клубот е Мохамед ал Херејџи, човек за кого се зборува дека помогнал при трансферот на Роналдо од Манчестер Јунајтед во Ал-Нас во 2022 година.

Португалецот е роден во 1985 година и е четири години постар од самиот клуб. Интересно, Роналдо речиси секогаш бил расположен против Алмерија. Во дресот на Реал Мадрид одигра седум натпревари против овој ривал, постигна шест гола и запиша пет асистенции, со учинок од шест победи и едно реми.