Роналдо ќе почека на своето деби во Лигата на нации, Португалија повторно без првата ѕвезда

Петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, повторно е изоставен од списокот на репрезентацијата на Португалија, за натпреварите од Лигата на нации против Италија и Полска. 

Иако Португалците се надеваа дека Роналдо ќе се најде во списокот за клучниот натпревар против Италија, кој ќе го даде прволасираниот тим во групата, сепак искусниот селектор Фернандо Сантош го објави списокот без својот капитен. 

Со новото неповикување на првата португалска ѕвезда, се потврдија летните шпекулации дека Роналдо ќе ги пропушти сите натпревари од новото натпреварување на УЕФА и ќе се фокусира на своите настапи за новиот клуб Јувентус. 

Европскиот шампион на 17 ноември го игра својот прв натпревар во оваа фаза, на гости кај Италија, а три дена подоцна ќе се судри со Полска. 

УЕФА Лига на нации, Лига А, Гр. 3
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПортугалијаПортугалија 2 2 0 0 4:2 2 6
2 ИталијаИталија 1 3 1 1 1 2:2 0 4
3 ПолскаПолска 1 3 0 1 2 3:5 -2 1